Шармантна дрвена куќичка која гостопримливо дочекува со топлина и комфор, а снежна идила на дофат од неа, неодоливо канејќи на уживање во студот надвор. Звучи како зимска сцена од соништата, зар не? ,,SHL Lodge’’ е чудесна алпска колиба, сместена на снежните падини на француските Алпи, во познатото скијачко одморалиште Мерибел, од чии најдобри стази е оддалечена само 50 метри. Неодамна е комплетно реновирана, поврзувајќи ги традиционалните мотиви и современиот дизајн, со комбинација на старо дрво и луксузен модерен мебел во убавиот ентериер. Со сите погодности кои ги нуди, претставува идеално место за уживање со семејството или пријателите, во лежерна атмосфера, комфор и пријатен амбиент. По денот минат на снегот, гостите може да се опуштат близу каминот, во раскошната дневна соба на колибата, или, пак, мезанинот со примамлива библиотека. Можностите се безбројни, а едно е сигурно – овој зимски рај никого нема да остави рамнодушен. Совршена зимска инспирација!
Снежна идила на Алпите | SHL Lodge
Вистинска мини оаза за одмор и релаксација, со тераси свртени кон југ, откривајќи несекојдневни и непречени панорамски видици на снежно белите пејзажи.