Обично се вели дека не можете да ѝ судите на една книга по нејзината корица – оние кои го тврдат ваквото мислење мора да не се сретнале со уметноста на Terry Border, американски уметник кој генијално создава колекција книжевни инсталации со помош на жици. Класични дела кои играат улога на основа, каде нивната насловна страница не говори доволно за содржината, па следствено на тоа, потребно е жиците со своевидна гестикулација да ја раскажат приказната…
Неговата брканица низ книжарниците за да најде навистина стари класични наслови завршува апсолутно славно, затоа што вториот живот кој Border им го пружа на истите е многу повеќе од додадени екстремитети од жица! Ако делата во оваа колекција не Ве уверат во спротивното од ставот, тогаш мислиме дека ниеден друг доказ нема.