3д принтерите се се’ подостапни и луѓето експериментираат и пробуваат што се’ може да се испечати. Kуќа, коски, автомобил, храна… Дизајнерското дуо од Њујорк The Laser Girls, Sarah C. Awad и Dhemerae Ford ги испечатија првите 3д нокти изработени од обоен најлон и 3д геометриски шеми на површината. Ова се првите примери додека се работи на новите дизајни кои ќе бидат достапни во нивната онлајн продавница. Ви го претставуваме маникирот од иднината.