Доколку очекувавте да видите уште еден ,,типично њујоршки” ентериер, дозволете си да бидете изненадени од начинот на кој е уреден овој прекрасен стан, сместен во срцето на ,,Големото јаболко’’. Станува збор за уникатно стилизиран апартман на Менхетен, за чиј специфичен изглед заслужни се дизајнерите од ,,McAlpine Booth & Ferrier’’. Грандиозност во спој со практичност, многу топлина и умерена доза на хумор и ведрина, вешто се искомбинирани и вметнати во просторот, давајќи му чудесен амбиент на домот. Во сопственост е на модерна двојка со префинет вкус, како и нивната 16-годишна ќерка, чии пријатели, и покрај класичната нота во внатрешноста, сметаат дека ова е станот со најмногу стил во градот. Погледнете како изгледа ова грандиозно катче за живеење…