Имате многу стари ташни кои Ви изгледаат монотоно и не сакате да ги носите? Ние имаме предлог решение за Вас; брзо и едноставно дајте им нов изглед. Нашиот предлог е со цветни детали, но Вие може да го направите по Ваш избор.
Потребно:
- стара ташна
- ткаенина со цветни детали
- боја
- ножици
- четка за боја
- пластичен сад
- лепак
Најпрвин заштитете ги деловите кои не сакате да ги боите, како ремчиња и копчиња.
Ставете ја бојата во садот и почнете да боите.
Откако ќе се исуши првиот слој боја, повторете ја постапката.
Исечете ги цветовите од ткаенината.
Исечените цветови од ткаенината залепете ги на местото каде што сакате да стојат.
Вашата нова цветна ташна е готова!