Поткровјата можеби имаат посебен амбиент и чудесна глетка, други станови, пак, можат да се пофалат со убаво средените балкони, но затоа, становите на приземје се единствените кои ја имаат привилегијата да поседуваат сопствен двор и градина. Еден токму таков, сместен на ниско ниво, на приземје, е овој кокетен шпански стан, со прекрасна мала градина за уживање во текот на целата година. Сепак, надворешноста не е единственото со што восхитува ова станбено катче oд околу 60 м2 – фантастично уредениот ентереиер е уште една причина плус да се вљубите во него. Креативно е дизајниран, во модерен индустриски стил со кој неодоливо потсетува на њујоршките станови. Исклучително добра е организацијата на просторот, со отворен план во кој хармонично се поврзани дневната соба и кујната, и кујнскиот остров кој визуелно ги разграничува двете простории, истовремено служејќи како трпезариска маса од едната, и работна површина од другата страна. Доминантни се неутралните бои, а декоративните елементи во голема мера се детали и украси од патувањата на младиот пар, нагласувајќи ја космополитската линија во секое катче. Сепак, не изостанува ни топлата и гостопримлива нота, со убавите ведри бои и дезени, внесени преку изборот на текстилот. Во целина, стан со извонреден изглед, на кој токму малите финеси му даваат огромен шарм.