Традиционално, секоја година американските магазини за архитектура и ентериер ги избираат ,,куќата на годината’’ или ,,ентериерот на годината’’, прикажувајќи ги на тој начин најголемите трендови од светот на дизајнот за престојниот период. Титулата ,,најубава’’ според HGTV за оваа година ја понесе неверојатна планинска куќа во Калифорнија, со модерен кантри изглед. Неодамна беше претставена како ,,дом од соништата за 2014 година’’, и веројатно нема кој не би се сложил дека e навистина импресивно здание! Станува збор за современа архитектура, која нуди нова интерпретација на традиционалните, рустични планински куќи. Однадвор, маркантна темна фасада која совршено се слева со боите на шумските предели на Калифорнија, големи прозорци кои комплетно ја доближуваат до природата, а одвнатре, пак, врвен квалитет во ентериерот – дело на водечки дизајнерски имиња. Погледнете како изгледа овој чудесен дом, и инспирирајте се!
Дом од соништата за 2014 година
Современа архитектура која нуди нова интерпретација на традиционалните планински куќи.