Затскриена во живописно планинско опкружување, со спектакуларни глетки на идиличните снежни пејзажи, оваа неверојатна дизајнерска колиба е место за совршено бегство, далеку од метежот и динамичното темпо на живот. Сместена е на прекрасна локација на Алпите, недалеку од границата помеѓу Италија и Франција, каде единствените стапки кои ја нарушуваат снежната белина се оние на дивите животни населени во оваа чудесна средина. ,,Chalet Camelot’’ е вила дизајнирана од италијанското con3studio, со автентичен изглед на зимска алпска колиба, а изградена од дрво и стакло како два базични материјали. Внатре, пак, се’ е подредено на смиреноста и пријатниот амбиент, во комфорниот ентериер исполнет со лежерни парчиња мебел и мноштво прозорци насекаде, постојано овозможувајќи максимално уживање во убавините на околната природа. Спој на темно дрво, елегантно дизајниран мебел и минимализам, во неодолива комбинација со свежината на планинскиот воздух – идеално место за одмор и релаксација на сите сетила.
Колиба за совршено бегство
Идеално место за одмор и релаксација, далеку од метежот и динамичното темпо на живот.