Спојот на книги и дизајн секогаш е добредојден во категоријата Книжевен агол на DA: овојпат, станува збор за инспирација од големиот Толкин и неговиот познат лик, „Хобитот“. Данско-америчкиот уметник Victoria, од VMCreations која своите дела ги прикачува на сајтот deviantART, создава една неверојатна хартиена склуптура на змејот Смауг со користење на страници од „Хобитот“.
Според авторот, ова дело е создадено пред филмот да доживее премиера во светските кино сали, додека автентичноста е позајмена од самите страници и многупати погледнатото видео со трејлерот за филмот. Склуптурата, патем, содржи и ситно прикажување на хобитот Билбо Бегингс кој се крие од Смауг на корицата.