Ако припадничките на понежниот пол навистина уживаа во предлогот на DA за потпетиците кои припаѓаат на серијата „Once Upon A Time“ (иако истите се наменети за колекционерски, а не носливи потреби), следува вистинско изненадување: тематски високи потпетици, со инспирација од Хари Потер. Создадени по нарачка за тематска свадба, рачно насликани од страна на сестрата на зетот, за секоја од девериците. Невестата не остана имуна на овој уникатен дизајн, така што главните мотиви ѝ припаднаа токму неа!