Кратот анимиран филм за децата од Фукушима, кои немаат можност да играат надвор поради радиоактивноста во воздухот – за нивните соништа наспроти реалноста, Shoko Hara како автор на „Abita“ првично го замислува овој проект како своја теза за дипломски труд. Коментарите на оние кои го погледнале видеото најчесто се движат околу следните епитети: интелигентно, поетско, уметничко, длабоко и поучно.
Одлично функционира без зборови, затоа што за најсрцепарателните мотиви во животот, никој не се осмелува да зборува. Користењето на јапонската симболика дополнително го краси филмот, илустрирајќи надеж, перспектива и енергија која е потреба за обединување на сите природни елементи кои биле уништени заедно со волјата за подобро утре.
Abita from Shoko Hara on Vimeo.