Големата македонска музичка надеж Даниел Кајмакоски настапи со песната на Тоше Проески „Чија си“ отпеана на српски јазик и уште еднаш ги освои симпатиите на публиката.
Во емисијата Кајмакоски се изјасни дека Тоше му е идол и инспирација и дека треба и понатаму да се пејат неговите песни. Воедно, судиите изјавија дека Кајмакоски даде свој белег на песната, без да си дозволи да го имитира големиот музички уметник. Може да очекуваме дека и на следниот настап на X Factor Adria, Даниел ќе го видиме во уште една одлична интерпретација на хит од Проески, овојпат на македонски јазик.
Фифи пак, заедно со Маринела Џогани покажаа енергичен настап со „Monday Morning“ на Фиона и си обезбедија место меѓу натпреварувачите во понатамошната музичка трка.
За оние кои го пропуштија настапот на Кајмакоски, повелете видео.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=J58asV6UBoE