Неполни 2 минути од Вашето време за да го погледнете крактиот филм на Elias Freiberger – студент по Графички подвижен дизајн на London College of Communication, кој претставува негов магистерски труд со наслов „Дизајнот започнува тука“.
Истиот се базира на неговото тврдење дека „добриот дизајн припаѓа на оние кои имаат добри идеи“, каде што неговото отелотворување во анимација којашто раскажува како големите идеи се раѓаат во односот помеѓу моливот и хартијата; е дополнето со илустрација на бескрајните можности зачнати на блокче за цртање и обичен молив, придружени со движечка графика и 3D ефекти.