Пабло Пикасо отсекогаш имал долг и комплициран однос со книжевните илустрации. Современиот уметник отсекогаш мразел да работи на спецификации и препреки, но, кога станува збор за литературата – тој направил над 50 исклучоци, укажувајќи на работата на големите автори на кои и самиот им се восхитувал.
„Привлечен кон уметноста која имаше литературен вкус“ е описот кој го објаснува присуството на Пикасо во друштвото на писатели, особено поети, покрај останатите склуптори и сликари. Она што светот на уметноста помалку го знае е Пикасовата илустрација од 1931 година, за еден краток расказ на Оноре де Балзак, со наслов „Скриено ремек-дело“ (Le Chef-d’oeuvre inconnu); која понатаму ќе влијае за создавање на неговото најпознато дело, огромната Герника.