Што е најважно за родителите? Кој е најдобриот подарок кој ќе предизвика насмевка на нивните лица? Ако тргнеме дека децата се најголемото богатство за секој родител тогаш овие два браќа и нивната сестра дефинитивно го направиле најдобриот подарок за нивните родители. Сакајќи да ги потсетат на скапоцените моменти од 80-тите и 90-тите, тие создаваат реконструкција на стари фотографии од нивното детство. Спомени, сеќавања и забава е карактеристично за овој проект кои тие го насловиле „Фото рекреација“. Големи или мали, тие се нивните деца.