Даниел Кајмакоски повторно воодушеви на Икс Фактор и повторно покажа дека е еден од најсериозниот кандидати за победа во регионалното шоу.
Кајмакоски ја отпеа песната One Love од U2, повторно во негов стил, и повторно сите ги остави без зборови. Откако заврши, следуваа коментарите на членовите на жирито.
Кристина Ковач, која од самиот почеток е негов голем поддржувач му се обрати со зборовите “Ти си ѕвезда од глава до пети”.
-Покрај гласот имаш и карактер, ти си еден од најголемите откровенија на шоуто, рече Кики Лесендриќ.
За Емина Јаховиќ, настапот на Даниел беше совршен, па таа видно задоволна констатираше Доаѓаш, дигаш се на повисоко ниво и си одиш, совршеноо.
-Даниел Кајмакоски – гордоста на цела Македонија на сите земји од регионот, вака Жељко Јоксимовиќ го најави нашиот претставник .
-Горд сум што си во мојата група, далеку ќе стигнеш, фантастичен си, со многу емоции во себе. Вистински претставник на народот, кажа неговиот ментор Жељко.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=hqsRNoATCD0