Во екот на убавите празници, ви претставуваме прекрасно уреден стан кој кокетно потврдува дека некогаш токму мерата и едноставноста се најдобриот одраз на стилот во домот. Oсвојува со модерната елеганција во ентериерот и интересната структура на просторот, во кој царуваат празничниот дух и внимателно избраните минималистички украси со божиќен шарм. Поголемиот дел од декорот го сочинуваат стари и реставрирани парчиња, како и мноштво детали од природни материјали, кои не само што совршено ја нагласуваат индивидуалноста во амбиентот, туку и им даваат уникатен изглед на дневниот престој, трпезаријата и спалната соба. Смиреноста и лежерноста се од примарна важност во ова станбено катче, па, така, и изборот на бои се сведува на суптилен баланс помеѓу неутралните тонови кои доминираат во ентериерот, и поинтензивните акценти во црвена и сина нијанса. Елеганција, шарм, разновидност и еклектицизам преку мешавина на повеќе различни стилови, во тандем со големото кочичество на природна светлина и пријатна топла атмосфера се добитната комбинација во овој извонреден шпански стан. Инспирирајте се!