Кога нешто е добро, мора да продолжи. Петар Малинов, вокал на бендот “Криптон“ после одличната изведба на коверот за песната „I Belive“ од Р.Кели, продолжува понатаму и на наше огромно задоволство не изненадува со уште еден прекрасен ковер. Станува збор за „Eternity“ од Роби Вилијамс. Прекрасна емотивна изведба, придружена со прекрасно видео за кое сме сигурни дека ќе Ви се допадне.
Андреј Блажев е момчето кое што го придружува Малинов во видеото снимено во Irish Pub Guinness, Кочани. А за комплетната реализација главен виновник е Jordan Manov Audio & Video. Петар ветува дека после двата одлични ковери ќе следи нешто авторско. Се до тогаш, уживајте во најновиот негов ковер.