Од 1991 година на ист ден секоја година фотографот Zed Nelson ги фотографира своите пријатели. Од добивањето на нивниот син, неговото растење, нивното стареење е документирано со црно-бели фотографии кои сведочат за промените кои ни ги носи времето. Иста позадина, исто осветлување, исто семејство но со траги кои на нив ги остава времето. „Семејството“ е насловот на оваа серија фотографии која доловува повеќе од две децении промени на мода, фризури и менување на односите; зависноста на детето од родителите и неговото осамостојување, цела историја на семејството преку неколку фотографии.