Сместена во идилично снежно предградие на Стокхолм, оваа величенствена куќа воодушевува уште однадвор, со импресивната градба на четири ката и впечатливата фасада со многубројни бели прозорци и фино осветлување. Неодоливо посетува на мини дворец, налик на некој приватен шведски замок со софистициран скандинавски стил. Сказната продолжува и низ внатрешноста, во ентериерот кој е исполнет со многу свеќи, празнични декорации и убавото божиќно дрво поставено крај трпезаријата и каминот. Сепак, и без нив домот подеднакво мами воздишки со начинот на кој е уреден: многу модерно, елегантно и луксузно, со суптилен раскош, префинетост и деликатен стил во секое катче. Снежна убавина во неверојатно елегантно издание – уживајте во глетките!
Мини замок со елегантен ентериер
Зимската бајка во современо издание му дава луксузен, модерен и стилски празничен амбиент.