Како што сопственикот Greg Williams вели, несекојдневната локација на книжарницата Walk A Crooked Mile Books во Филаделфија, сместена во старата железничка станица, „најдобриот показател на книжевен Декември се наоѓа на Gowen Avenue и Devon Street“.
Книжарницата којашто стана интегрален дел од населбата во текот на изминатите 15 години, не само што е место каде што посетителите може да се снабдат со понуда над 8000 наслови, туку е место каде што се одвиваат голем број настани, специјални пригоди и литературни читања, патем и летни фестивали, како и Божиќни средби. „Она што на Филаделфија ѝ недостасува секако не се железнички станици – туку, повеќе апетит за книжевноста“, вели сопственикот.