Насмевки, радости и ситно одбројување од дочекот на Новата година во домот. Топлиот семеен амбиент е во празнично руво, а во секое катче се чувствува новогодишнатата магија, наговестувајќи дека и Божиќ е на прагот. Веројатно веќе сте нестрпливи за прослава и посакување убави желби на себе и на најблиските, а ние ве потсетуваме уште еднаш, зошто токму домот е највеселото место во овој празничен период. Инспирацијата ја позајмивме од ,,The White Company’’, еден од најуспешните производители на прекрасни нешта за домот од Англија. Уживајте во убавите глетки, и потсетете се зошто Нова Година и Божиќ се вашето омилено доба од годината. Многу идилични фотографии, топли семејни сцени и слатки празнични мотиви. Среќни празници!