Празниците се ближат, а никогаш доста од фини детали кои ќе ја внесат убавата празнична атмосфера во домот. Овојпат ви претставуваме мошне едноставен проект, за изработка на интересен новогодишен детал со ретро шарм. Лесен е за подготовка, а е многу ефектна винтиџ – шик декорација која можете да ја закачите на ѕидовите, на каминот, околу божиќната елка, или каде и да посакате во вашиот дом. Забавувајте се декорирајќи го домот со вашите најблиски!
Потребно ви е:
– хартија
– ножици
– лепило
– коноп, конец или тенко јаже
Начин на изработка:
Испечатете две копии од сликата (во поголеми пропорции можете да ја превземете тука), или пак повеќе примероци, доколку сакате да биде подолга вашата креација. Со ножици исечете ги круговите, следејќи ги испрекинатите линии. Земете ги двата интентични круга и прилепете ги од двете страни на конопот. Продолжете ја истата постапка и со наредните кругови, редејќи ги во низа на секои 10-15 cm по должината на конопот.