Откако помина речиси недела дена по смртта на политичкиот великан на кој Јужна Африка му ја должи почитта кон човековите права, се чини дека целиот свет се потруди да го испрати овој човек-легенда како што доликува. Еден од примерите е поемата на Maya Angelou: видеото објавено од страна на State Department говори за елоквентноста на Мандела, во име на американскиот народ. „Да, Мандела го направи своето“, рече оваа добитничка на Пулицерова награда. „Сепак, ние, неговите наследници, ќе ги отвориме портите, пошироко за помирување“.