Во пресрет на убавите празнични денови, популарниот шведски бренд H&M ги нагласува радоста и убавите желби во својата празнична понуда, исполнета со многу изненадувања за прослава на новогодишната и божиќната магија во домот. Покрај основната зимска колекција, во новиот каталог на H&M Home може да се најдат и четири специјални празнични линии на аксесоари за домот. Од рустични и топли, гламурозни и блескави, па се’ до кокетно слатки, стилизираните предлози од H&M ги исполнуваат очекувањата, дури и на најпребирливите. Секој е со различни мотиви и поинаква тематика, но обединети од препознатливиот спој на едноставност и елеганција, специфични за декорот и подароците со потпис на H&M. Модерна традиција, зимска белина, блескав бохо изглед, или празничен флерт во домот – секоја од инспирациите нуди грст уникатни идеи за празничен сјај во омиленото катче, или во украсувањето на целиот дом. Одберете ја вашата омилена!