20 факти кои ја дефинираат Вашата врска со книгите можеби не се најпрецизна бројка, ама судејќи по истражувањата долж библиофилите, станува збор за најчестите навики во нивното секојдневие. Ако и Вие се вбројувате во таа група, тогаш би се пронашле во минимум половината од примерите подолу. А можеби и во три четвртини. Најверојатно целосно!
- Ги сакате Вашите книги, иако умеат да Ве расплачат од време на време.
- Може да бидете среќни со нив во еден момент, а во другиот да Ви ја уништат психата.
- Да одите заедно на многу места, вистински или измислени – во растојание од само неколку збора.
- Вашите книги се едноставно подобри од повеќето други.
- Добивате толку емотивен стрес што не можете да јадете, да спиете или да се туширате. Некогаш со денови.
- А кога ќе одлучите да спиете, заспивате со Вашата книга.
- Го сакате мирисот на книги.
- Паметите датуми од книгите.
- Понекогаш едноставно сакате да Ве остават насамо со Вашата книга, а понекогаш се случува премногу често.
- Ако на некому не му се допаѓа Вашата омилена книга, спремни сте дефанзивно да го одбраните нејзиното значење и постоење.
- Кога ќе слушнете некој страствено да раскажува за некоја книга која сеуште не сте ја прочитале, можно е да станете многу љубоморни.
- Ги сакате Вашите книги безусловно. Дури и кога ќе Ви ги вратат уништени после позајмица.
- Поради нив умеете да навлезете во тешки дискусии и да се расфрлите со субјективни аргументи.
- На крајот, знаете дека книгите ќе Ви го диктираат расположението.
- Посакувате најубавите приказни никогаш да не завршат.
- Не Ве нервира фактот што некои луѓе не умеат да ја разберат Вашата конекција со книгите.
- Барем еднаш сте се заљубиле во фиктивен лик.
- Не можете да си го замислите животот без книги.
- Забележувате книги каде и да се движите – во рацете на странец во метрото, како ѕиркаат од нечија чанта, како чекаат на масата во кафулето или како се уредно наредени на полиците во излогот… повикувајќи Ве да влезете внатре.
- И секогаш кога ќе видите книга, дури и да се работи за најкраткиот миг на Земјата, таа секогаш Ве тера да се насмевнете.