Се повеќе се акцентира заштитата на животните, особено на крзнените; зар вреди да се убиваат животните неконтролирано само за да би имале парче вистинско крзно во Вашиот гардеробер?
Овојпат фотографот Denis Rouvre се осврнува на заштитата на рибите од неконтролираните и нелегалните практики на риболов, кои може да доведат до истребување на одредени видови риба. Rouvre тргнува од непишаното правило: ако сакате да Ве забележат, бидете провокативни. Создава серија фотографии „Fish Love“ на кои се појавуваат познати личности како дизајнерот Kenzo, Gullian Anderson и Aure Atika, целосно голи придржувани од различни видови риби.