Живееш по едноставен терк, имаш се’ што е потребно да бидеш среќен и го живееш животот не знаејќи ја вредноста на твојата среќа; не знаеш да застанеш и да се насмееш од срце, онака без причина; не знаеш да му се заблагодариш на животот за она што го имаш; не знаеш всушност дека имаш многу повеќе отколку што сметаш дека имаш… и бараш повеќе. Очекуваш повеќе.
Но, животот не е бајка, па да се замислуваш како Пепелашка и да очекуваш пресврт во твоја корист, реалноста е дека во животот повеќе јa заземаш улогата на злобната маќеа. Дали животот не претвора во себични и искористољубиви суштества? Не, самиот се претвораш во тоа, во некој што не го познаваш.
Незадоволен си од она што го имаш, се додека животот не те потсети дека може да го загубиш. Незаинтересиран за туѓата болка, се додека животот не ја втурне и кон тебе.
Животот го прави тоа за да ти даде нова шанса. Шанса да го искористиш правилно, да научиш да бидеш среќен и да го живееш животот со полн здив со луѓето кои ги сакаш.