Празниците се ближат, а новата линија аксесоари од ZARA Home нуди прекрасна инспирација за прослава на новогодишната и божиќната магија во домот. Празничната колекција од популарниот шпански бренд донесува широк спектар на производи, од симпатични детали за китење на елката, елегантни украси за ентериерот и дворот, па се’ до декорации за совршено стилизирана трпеза. Тука е и слатката понуда од ZARA Home Kids за најмалите, кои со сигурност најмногу ќе им се израдуваат на престојните празнични денови. Дизајнот на аксесоарите е инспириран од рустикалниот изглед, кантри стилот и ретро мотивите, обединувајќи ги класиката, традиционалниот изглед и винтиџ шармот во уникатна празнична нота за домот. Покрај препознатливите црвена, бела и зелена боја, во колекцијата може да се најдат и детали во погламурозна златна и сребрена нијанса, за празнична атмосфера во полн блесок и сјај. Инспирирајте се!