На прв поглед: фотографија каде е заробен моментот на кршење парче дрво од гнило трупче. Во суштина: книга која крие една голема тајна – создадена од страна на Pochiko Ho, кинески генијалец кој упатува на нераскинливата врска помеѓу дрвјата и хартијата, каде ‘рбетот на една книга е сплотен во кората на трупецот.
Рачно изработеното парче има тело оформено од дрво за тенката хартија тајно да стои спремна за бегство. Внимателно скриената книга беспрекорно соодвествува на својата дрвена обвивка и допринесува да овој волшебен скулпторски проект изгледа како тајна лична библиотека, сместена во некоја магична шума од бајка.