Луксузните скијачки одморалишта, кои ги канат гостите со топлина и гостомпримство во текот на зимата, веќе се резервирани за престојната сезона. Едно од најубавите, сместено на популарните француски Алпи е ,,Le Petit Chateau”, навистина посебно место кое ретко кого може да го остави рамнодушен. Со привлечната архитектура и фантастично декорираниот ентериер, ова зимско прибежиште секоја година ги воодушевува своите посетители. Зад градбата која неодоливо наликува на зимска колиба од соништата, сокриена е вистинска модерна оаза за одмор и релаксација во снежната идила, со огромно внимание посветено на деталите, но и топлиот амбиент типичен за зимските резиденции. По денот поминат на студот надвор и уживањето во снегот, одморот во една од собите на оваа преубава резиденција е вистински рај. Секоја од собите е уредена комфорно и топло, со квалитетен скап мебел, но и комплетно опремена со сите современи погодности за патниците во 21-от век. Топлата атмосфера на најубав начин ја доловува зимската идила, која како бајка се открива на секој чекор во просторот. Уживајте во зимската идила!
Зимска идила | Le Petit Chateau
Совршено место за љубителите на зимата и зимските спортови.