Големите, долги и масивни кардигани се популарeн моден избор, особено за студените зимски денови. Должината е прашање на вкус, и може да биде од под колковите, па се’ до под колениците. Без оглед на тоа дали самите ќе си купите некој таков со поголеми пропорции, или, пак ќе го позајмите кардиганот од вашето момче, можностите за комбинирање се бескрајни. Во пар со фармерки се одлична комбинација за опуштена дневна и лежерна викенд варијанта, додека во тандем со здолниште или фустан се идеален спој за романтичен изглед. Мошне едноставен начин да го разиграте и освежите изгледот е да додадете и модерна марама или шал во комбинацијата. Вистинскиот избор на детали може да направи чуда. Пронајдете ја вашата инспирација!