Убавите нешта доаѓаат во мали пакувања, па така и оваа симпатична и паметно осмислена куќичка спакувана е во само 50 метри квадратни. Дизајнерката Jessica Helgerson и нејзиното семејство во минијатурната куќичка пронашле идилична семејна оаза, за уживање во слободните мигови во природа. Изградена е од обновливи материјали, а сместена на фарма во близина на Портланд, во американската држава Орегон. Има фасцинатна и долга историја на пренамена на просторот, а последно е преуредена и редизајнирана од сопственичката, задржувајќи ги основните белези и структура. Кровот денес го краси зеленило, додека во ентериерот се истакнуваат печката на дрва и архаичната класична када. Иако по својот облик и функција неодоливо потсетува на дрвена колиба, ентериерот е уреден со модерен мебел. И покрај малата квадратура, во внатрешноста сместена е голема просторија која опфаќа кујна, трпезарија, дневна соба и мини библиотека. Спалната соба на дизајнерката и нејзиниот сопруг се наоѓа во импровизираното поткровје над библиотеката, додека во детската соба доминира креветот на два спрата. Комфор и задоволство во минијатурно издание!