Практиката одредени парчиња мебел да се насловуваат со женски имиња, како што е стариот добар принцип на насловување на бродовите, не изостанува и овој пат: Priscilla е името на иновативната плакар-полица, каде што се спојува практичното со иновативното. Идејата да се овозможи одлуката што да прикажете, а што да скриете е совршено реализирана преку игра на отворени и затворени коцки, каде што може да си играте со мебелот, додавајќи украси, рамки со фотографии и слично покрај книгите.
Оригиналноста на Priscilla е лесно вклоплива во секоја соба, во секој дизајн – особено во спалната соба, дневната, па дури и кујната, каде што се чини дека органирањето е навистина тешко. Priscilla е таа која ќе Ви биде најдобар организатор во домот.