Tim Walker e моден фотограф на Vogue кој претставува култ за естравагантна, раскошно изведена и надреалистичка модна фотографија. Одличен во својата работа, Tim постојано се надминува себе си. Најново дело на кое стои неговото име е „Азбуката на баба“.
„Постојано ги држев очите широко отворени, барајќи стари дами со искра во очите. Искра кој не згаснала, искра на која годините не влијаеле.“
Фотографии собрани во едно издание, подредени по азбучен ред и придружени со кратки хумористични стихови.
Но, „Азбуката на баба“ не е само оваа книга. Истата е проследена со втора книга каде што не станува збор за фотографии туку илустрации на модниот илустратор Lawrence Mynott кој создава своја А-Z претстава на бабите. Оригинално, креативно, прекрасно!