Многу љубов, оптимизам и ведрина спакувани се во малата, но кокетна викендичка, која освојува на прв поглед со убавиот ентериер исполнет со бои, шарени дезени и многу слатки украси. Прекрасна кантри куќичка во природа, која е реновирана и уредена во рустикален стил, задржувајќи ги притоа белезите од минатото, традиционалниот изглед и природните материјали во внатрешноста. Во рустичната градба од камен и дрвени греди, доминира белата боја како основа, но разиграна е со мноштво акценти во јаки и весели бои. Во пријатната дневна соба со старински мебел и топли прекривки, тоа е постигнато со атрактивни детали во интензивна црвена нијанса, давајќи и романтичен шарм и сензуална нота. Секој агол крие нови изненадувања, комбинирајќи ги шармантните винтиџ декорации и цветните детали во неодолив спој. Покрај добриот изглед и дизајн, исклучително е пријатна, комфорна и функционална, со сите предуслови за среќно поминати мигови, уживајќи во малите задоволства, во книгите, лежерните моменти крај каминот, или, пак во истражување на околната природа. Весела викендичка во која со задоволство би побегнале….