Свесни сме дека електронската пошта ја замени класичната во секој можен поглед – но, со еден креативен обид да се вратат писмата на хартија, Memeoirs нуди иновативна можност да се пренесе безвременоста и длабочината на заедничките вредности во една книга. Испечатен низ на емоции каде според хронологија се подредени Вашите чувства…
Тоа е Вашата приказна. Книга превземена од Вашата електронска пошта која сте ја размениле со некој посебен. Едноставна и прекрасна, без да има потреба да биде посебно дизајнирана. Патем, уникатна: избирате стил кој Ви одговара и додавате некои воведни зборови кои ќе го одредат текот на Вашата приказна. На тој начин, љубовта се овековечува, Вашите пораки се уредно поставени и испечатени во совршено подреден роман, дневник и тестамент на Вашиот заеднички живот.