Како дел од проектот „Прегратка на дар“ со кој се подаруваат топли прегратки на децата кои празничните денови ќе ги поминат во болница, беше изработена и оваа едукативна сликовница под менаџерство на Емилија Џуровска и илустрации на Томи Џуровски, која бесплатно ќе биде поделена по градинките. Целта на проектот е да се научат децата да бидат солидарни, да помагаат, да се дружат, имаат сочувство кон оние на кои им е потребна поддршка и да израснат во одговорни и искрени граѓани. Проект за поздрав, кој освен општествена одговорност, во себе носи и многу хуманост, искреност, љубов и топлина.