Секое машко поседува некое карирано парче во својот гардеробер, без разлика дали се работи за маица, кошула, шорцеви или некој моден додаток, но оваа сезона карото е насекаде низ машката гардероба. Зимски јакни, капути, панталони, сакоа, џемпери… Погледнете ги изгледите од модните писти и каталозите на светските модни брендови, инспирирајте се и храбро експериментирајте.