Уште од најмали нозе, без притоа да бидеме научени на тоа, умееме да сонуваме. Благодарение на индивидуалната имагинарна моќ што секој од нас потајно ја поседува, способни сме да веруваме дека ќе постигнеме се’ што ќе замислиме. Се’ што сме сонувале! Но, како што процесот на растење и стареење добива на свој акцент, полека го губиме тоа возвишено чувство на супериорност и моќ кое предходно не наведувало на креативност, иновација и промена. Ние денес Ве каниме да се осмелите да сонувате пак, да ја предизвикате сопствената комфор-зона и да уживате во задоволството од претворање на соништата во реалност. Па, дали се осмелувате да сонувате?