Ако некогаш сте помислиле да го фрлите стариот џемпер, размислете повторно. Може од Вашиот џемпер да направите топлинки кои во овој период од годината добро ќе Ви дојдат, зар не?
Потребно:
- стар џепмер;
- материјал за ѓон (ако не најдете професионален може да искористите и дебел картон или крут текстил);
- ножици;
- игла и конец.
Процесот на изработка е прилично лесен; ја цртате големината на топлинките во согласност со Вашето стапало. Користејќи го моделот го сечете материјалот што ќе го искористите за ѓон и стариот џемпер (исто како на сликата). Со игла и конец ги поврзувате деловите и Вашите топлинки за зимата што доаѓа се готови, а Вашиот џемпер ќе добие нова улога. :)