Во едно време да бидеш дете значеше да играш ластик и фудбал пред зграда, а не да се ограничиш на компјутерски игри.
Во едно време да бидеш тинејџер значеше да имаш платонска љубов, симпатија од чиј поглед зацрвенуваш, да уживаш во преспивањето кај другарите и заедничкото пишување домашна работа… Денес, да бидеш тинејџер значи да бидеш несфатениот, неразбраниот, време кога најчесто ја пиеш првата од многуте пијачки и ја палиш првата цигара.
Во едно време да биде возрасен значеше да имаш работа од 8 до 14 часот и петок беше последниот работен ден од неделата. Денес и петок не е тоа што беше кога во сабота (па некогаш дури и во недела) си на работа.
Во едно време пиевме кафе почесто, излегувавме со пријателите секој ден, а денес да не е Facebook или другите социјални мрежи нема да можеме да се видиме (иако на слика).
Во едно време приватноста беше само наша, а сега е наша и на нашите „Fb пријатели“.
Во едно време зборот „Те сакам“ беше дијамант со голема вредност, сега се експлоатира како „Добар ден“.
Далеку ли беше тоа време?