Во услови на масовно рекламирање и борба за креирање јавна свест за „помалото од двете зла“, не е воопшто зачудувачки што големите компании играат со длабоки и интелигентентни идеи, презентирани од клучни актери со кои публиката би се идентификувала. Она што поретко се случува да го забележите е реклама во чиј фокус се наоѓа некој книжевник – што не било случај отсекогаш,. Имено, постои став дека писателите всушност, ретко се категорија во која поголемиот дел од публиката би се препознала, а патем, тие важат за уметници на кои не им е потребна дополнителна реклама.
Еден поглед назад и ќе ги забележиме Ernest Hemingway и John Steinbeck низ текот на годините, како се појавуваат во реклами со свои сопствени зборови за поддршка на одреден производ. И тоа не е шега: следуваат неколку примери на книжевно рекламирање на некој продукт… воглавно, алкохолен продукт. Но, не изостанува ни рекламирањето на часовници или пенкала.