Во сопственост е на германско семејство, кое долго време сонувало за топла семејна оаза оаза налик на француските рустични куќи. Сместена е во живописниот крај Ampurdán, и е нова градба во форма на буквата ,,L’’, со идилична градина и тераса сместена во внатрешниот агол. За потребите е ангажиран локален тим архитекти, кои замислата на сопствениците ја имаат остварено со комбинација на традиционални стари материјали и модерни техники на конструкција, давајќи и посебен автентичен изглед, со многу комфор и пријатен амбиент при уредувањето на внатрешноста. Ентериерот освојува на прв поглед, почнувајќи од рустикалните дрвени допири и старинскиот мебел, па се’ до многубројните романтични детали кои креираат бајковита атмосфера. Секое катче е уредено со смирен тон, со неутрални беж тонови и пријатни природни материјали, кои совршено се вклопени со многубројните винтиџ детали и цветниот декор. Вистинска идила од мечтите!
Чудесна куќа со бајковита идила
Куќа која мами воздишки, како со прекрасната традиционална нота со која е уредена, така и со чудесно оживеаната магија на Прованс во ентериерот...