По продажбата на имотот во Монтесито, популарната холивудска актерка Дру Баримор по се’ изгледа се одлучи својата луксузна куќа во Калифорнија да ја замени со ништо помалку гламурозен и атрактивен стан во Њујорк, лоциран на познатата Парк Авенија. Новиот дом на Баримор е раскошен дуплекс со интересен дизајн кој наликува на студио. На долниот кат се наоѓа грандиозната дневна соба со високи плафони и необично големи прозорци, а во неа се идвоени две различни позиции за седење, секоја од нив со посебен камин. Тука е и пространата светла кујна, како и една од спалните соби со целосно екипирана бања. На горниот кат, пак, сместена е главната спална соба, со засебна просторија за седење и спа купатило. Апартманот е неодамна реновиран, и располага со четири спални соби, три камина, централна климатизација, враден звучен систем и преубав под. Вредноста на дуплексот се проценува на 8,3 милиони долари, но сe’ уште е неизвесно која е сумата што ќе ја издвои актерката за неговото купување.