Се чини дека серијалот Хари Потер добива нова магична димензија: различен дизајнерски израз кој пред некој ден осамна на светските дизајн-сајтови, благодарение на магично извонредна Jessica Martinez, графички дизајнер кој работи во полето на GIF формат. Збир од минималистички постери чие движење исто така е сведено на минимум, кој го нагласува симболот на секоја од книгите, давајќи им особен акцент.
Дизајнерката е само-прогласен фан на малиот волшебник, така што објавувањето на оваа серија GIF постери започнало уште во септември, кога возот заминува од Platform 9 и 3/4, за да стигне до неверојатниот Hogwarts…
ж