Сензуални силуети на вљубени двојки кои страсно се бакнуваат, разменувајќи нежности на улиците на Париз и Монпелје. Уличната уметност на Claire Streetart ја оживува романсата низ градовите во Франција и Бразил, со графитите кои се романтични и еротични прикази на парови препуштени на страста еден кон друг. Уличните дела на Claire може да се сретнат на повеќе различни локации и површини, и се уште една смела потврда дека љубовта е насекаде – во буквална смисла на зборот. Љубовниците кои се бакнуваат се претставени во природна големина, со тенки линии, комбинација на црно-бел контраст со детали во боја, и многу жар воочлив во креативната визија на француската уметница…