Делегацијата на Европската Унија го објавува конкурсот за наградата „Жан Моне“ за 2013 година.
Наградата „Жан Моне“ ќе се доделува за 3 натпреварувачки категории за најдобри достигнувања во известувањето за теми поврзани со ЕУ и со пристапувањето на земјата кон ЕУ:
1. Конкурс за најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатените медиуми и/или на веб)
2. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на веб)
3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија
1. Конкурс за најдобар новинарски напис
Творбите што ќе учествуваат во оваа категорија се новинарски написи за ЕУ и за пристапувањето на земјата кон ЕУ, објавени во домашните весници, списанија и веб-сајтови, и тоа во периодот помеѓу 8 ноември 2012 година и 15 ноември 2013 година.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.
2. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на веб)
Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, коишто може да достават до 3 фотографии посветени на теми за ЕУ, а кои биле објавени во периодот помеѓу 8 ноември 2012 година и 15 ноември 2013 година.
Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.
3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија
Конкурсот е отворен за сите аматери-фотографи од земјата, коишто може да достават една фотографија посветена на тема за ЕУ. Фотографиите што ќе конкурираат во оваа категорија може и не мора да се објавени претходно.
Награда: Диплома и парична награда од 500 евра.
Други информации
Жирито се состои од четири члена – претставник од Делегацијата на ЕУ, претставник од Секретаријатот за европски прашања, професионален фоторепортер – добитник на минатогодишната награда „Жан Моне“, претставник од академската заедница и почесниот претседател на жирито.
Рокот за доставување на делата е 14 часот на 15 ноември 2013 година. Свеченото доделување ќе се одржи на 12 декември 2013 година.
Детални информации за правилата на конкурсот [409 KB]
За повеќе информации контакт-лице:
Константин Јовановски
Konstantin.jovanovski@ec.europa.eu
3248 537