По повод 31ви октомври т.н. „Денот на вештерките“, кој иако не го празнуваме, може да ги изненадите вашите најмили со интересна и лесна ужина.
Потребни ви се:
– сезонско овошје
– цимет
– остро ноже
– цитрон или портокал
Ситно исечете го сезонското овошје, додавајќи цимет.
Исечете го цитронот/портокалот како на фотографијата и исчистете ја внатрешноста.
Со помош на острото ноже издлабете ги очите и устата, токму како тиквите кои се подготвуваат за овој ден.
Наполнете го со овошјето, додадете лажиче, затворете и послужете.