Долговековната традиција на Европа и орнаменталниот дух на Азија, во деликатен спој пренесен на уметнички сет чинии и шолји. Три мали сада, три чинии, три мали чинии, три шолјички за чај, три за кафе и сад за салата ја сочинуваат импресивната колекција, креирана од дизајнерското студио CtrlZak за италијанскиот бренд Seletti. Користејќи порцелан како основа, и еклектични цртежи аплицирани на него, изработен е прекрасен артистички декор за масата. Изработките се многу сложени, а идејата е да се нагласи белината на материјалот, преку истенчената нитка помеѓу Истокот и Западот на цртежите. Првата цел е постигната со користење на тенок порцелан како материјал, а втората со нанесување живи бои, на начин на кој најумешно ќе се спојат европските и азиските мотиви. Секој предмет е поделен на две целини, за што подобро да се нагласи, па затоа и самиот сет симболично го носи називот ,,Hybrid “. Креативна, уметничка и декоративна колекција, која со сигурност претставува еден најоригиналните сетови чинии и шолји некогаш се направени….